Јужна Кореја го стопира извозот на нафта за да ги заштити домашните стратешки индустрии
Јужна Кореја од полноќ започна со примена на забрана за извоз на нафта со цел да ги зајакне домашните залихи во услови на нарушувања предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството за индустрија.
Мерката налага рафинериите да ги насочат количините наменети за извоз кон домашниот пазар. Со ова, Владата добива овластување да управува со производството и дистрибуцијата на нафтата како клучна суровина за петрохемиската индустрија, неопходна за производство на чипови, автомобили, пластика и стоки за широка потрошувачка.
Јужна Кореја увезува околу 45 отсто од своите потреби за нафта, при што дури 77 отсто од тие пратки доаѓаат од Блискиот Исток, што го прави снабдувањето исклучително ранливо на регионалниот конфликт.
Според податоците на Корејската национална нафтена корпорација, земјата извезува околу 11 проценти од произведената нафта, количини кои сега ќе се пренасочат за стабилизирање на домашниот пазар.
Забраната ќе биде во сила пет месеци, при што приоритет во снабдувањето ќе имаат здравството, клучните индустрии и основните потрошувачки добра.