(Видео) Јуниорски евросонг во Ереван : Навивајте за Лара, Ирина и Јован


Од пробата во Ереван

Задоволни и возбудени македонските претставници Лара, Ирина и Јован со нетрпение го очекуваат стартот на спектакуларното шоу кое ќе се одржи денес во Ереван, Ерменија, а гледачите на Македонската телевизија ќе го можат да го следат настанот во живо  од 16 часот.

На годинашното 20-то јубилејно издание ќе настапат вкупно 16 земји-учеснички. Лара, Јован и Ирина настапуваат 10-ти по ред. Нашите претставници ќе настапат со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.

Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови)