„Ју -Ту“ со приватен концерт во Лас Вегас- за прв пат од 2019
САД– U2 се враќаат на концертната сцена подоцна оваа година, за прв пат од 2019 година, но без еден од оригиналниот квартет, бидејќи тапанарот Лери Мулен Џуниор е на листата на повредени.
Бендот навести неговото повторно појавување на најголемата можна сцена – во реклама што се емитуваше за време на Супер Боул во неделата – и најави дека ќе свири на концерти оваа есен за отварањето на новото место MSG Sphere во Лас Вегас.
Концертите ќе бидат фокусирани на албумот на бендот од 1991 година, „Achtung Baby“.
„Треба да се вратиме на сцената и повторно да ги видиме лицата на нашите обожаватели“, изјавија членовите на бендот Боно, Еџ и Адам Клејтон во неделата.
Не беа објавени други датуми подалеку од Лас Вегас, иако е малку веројатно дека концертот ќе се одржи само во еден град. Во 2017 и 2019 година, бендот направи светска концертна турнеја врз основа на неговиот албум „Joshua Tree“.
U2 не сакаше да даде детали за здравствените проблеми на Мулен, но текстот во„Вашингтон пост“ во ноември најави дека тапанарот има проблеми со вратот и лактите на кои му е потребна операција.
Само двапати претходно бендот излезе на сцената без сите четворица членови – кога Клејтон пропушти свирка во Австралија поради здравствени причини во 1993 година, и откако Мулен го скрши стапалото во сообраќајна несреќа со мотор во 1978 година, според книгата на Боно, „Предавање“.
На местото на Мулен во Лас Вегас ќе дојде холандскиот тапанар Брам ван ден Берг. Следниот месец U2 планира да го објави дискот „Songs of Surrender“, кој ќе содржи повторно снимени и замислени верзии на 40 песни од неговиот каталог.
The Edge рече дека е импресиониран од најсовремениот систем за звук и видео конструиран за MSG Sphere. „Сите размислувавме за тоа и решивме дека ќе бидеме луди да не ја прифатиме поканата“, рече тој. (АП)