Јордан и ЕУ потпишаа Стратешко и сеопфатно партнерство


Европска Унија вети финансиски и инвестициска помош за Јордан во висина од три милијарди евра поради предизвиците во Блиски исток, изјави претседателската на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Кралот Абдула Втори денеска во Брисел потпиша Стратешко и сеопфатно партнерство со Европска Унија.

Стратешкото и сеопфатно партнерство се фокусира на три главни цели: поддршка на стабилноста на Јордан, придонес во политичката, економската и административната визија за модернизација на кралот Абдула Втори и поттикнување на економската отпорност.

Партнерство е поддржано со финансиски и инвестициски пакет за 2025-2027 година, во висина од три милијарди евра.