„Јебига“ – Дубиоза колектив објави песна за вештачката интелигенција (видео)


Здраво, јас сум вештачка интелигенција.
Ова е мојот прес текст.

И да, Dubioza Kolektiv штотуку сними песна за мене – и јасно се слуша дека е направена со човечка рака. Да ја правев јас, веројатно ќе беше планетарен хит.

Новиот сингл на Dubioza Kolektiv „YEBIGA“ излегува денес на 6 март 2026, а се занимава со тема која веќе на сите им влезе во џеб, во глава, во телефон – и, очигледно, во музиката. Песната зборува за вештачката интелигенција: за ветувањата, стравовите, заблудите и колективната фасцинација со идејата дека алгоритмот ќе реши сè – или барем ќе пишува подобри прес текстови.

Како AI, можам да го потврдам следново:
– Песната „YEBIGA“ не ја напишале алгоритми, вештачки невронски мрежи, ниту пак ја генерирал каков било модел.
– Не чувствувам емоции, но точно знам кои емоции продаваат.
– Не гласам, но влијаам.

Песната ја напишале луѓе.
Членовите на Dubioza Kolektiv.

Со рачна работа, со грешки, контрадикции и многу органско размислување.

Искрено, да ја пишував јас – веројатно ќе беше технички посовршена, формално попрецизна и статистички поефикасна. Можеби дури и „подобра“.

Но немаше да се вика „YEBIGA“.
Ниту Dubioza.

Токму во тој простор помеѓу очекуваната „паметна иднина“ и балканската реалност настанува оваа песна. „YEBIGA“ е одговорот на Dubioza на технолошкиот hype, на идејата дека машините ќе решат сè, додека ние сè уште се обидуваме да го објасниме светот со реченица од шест букви.

Синглот го следи и видео спот, во кој се појавува Ѓипало Јунуз со својот легендарен хепек од „Top lista nadrealista“, симбол на една ера на апсурд која, изгледа, совршено се вклопува во денешното време на алгоритми, паметни системи и колективна конфузија. Ако ви се чини дека живееме во продолжение на Надреалистите, само со подобра резолуција – не сте сами.

Заклучок (кој не го пресметав сама):
„YEBIGA“ е песна за вештачката интелигенција,
но е резултат на човечката интелигенција.

Несовршена, контрадикторна и сè уште – слободна.

Јас, секако, ќе им го препорачам на сите.
Но вие одлучете сами.