Јавна куќа бара дегустатор за проститутки: министерката реагира, граѓаните згрозени (фото)
„Вработуваме!!! „Дегустатор на девојки – аплицирај веднаш“ – гласи огласот испишан со големи букви на постер на главната крстосница на главниот пат во Грац, Австрија, каде борделот „Максимус“ предизвика бура од реакции.
Австриската министерка за интеграција и семејство, Сузан Рааб, веднаш реагираше на плакат на кој беше објавена работа за „лудак“, односно некој чија работа би била да ги тестира услугите на проститутките.
„Читањето на ова ми го врти стомакот“ – таа го нарече овој постер „неверојатно одвратен, мизогински и нехуман“.
„Прикажувањето на жените и девојките како стока што може да се „тестира“ го велича насилството и е опасно“, истакна таа и не е единствената што мисли така.
Советничката за женска рамноправност во Грац, Хајке Бехит ја осуди рекламата како „длабоко нехумана и одвратна“. Таа беше изненадена „како некој се осмелува да лепи сексистички плакати и денес“.
Wenn ich das lese, dreht es mir den Magen um. Diese Werbung ist unfassbar widerlich, frauenfeindlich und menschenverachtend. Mädchen und Frauen als Waren darzustellen, die man ‚testen‘ könne, ist gewaltverherrlichend und gefährlich.
— Susanne Raab (@susanneraab_at) September 3, 2023
Сопственикот на борделот, сепак, стои зад својот плакат. Тој објасни дека неговата потрага не е она што сите мислат.
„Тоа нема никаква врска со проверката на сексуалната соодветност или способност на девојчињата, туку ги подготвува „психолошки за оваа тешка – веројатно „најтешката“ работа на светот. Сиромаштијата, безнадежноста или бегството во странство не треба да бидат причина за свртување кон проституција“.
„Потребен ни е некој кој психолошки ќе ги процени и подготви сексуалните работници“, рече Рене Валингер, додавајќи дека на огласот досега се јавиле стотици апликанти.
Рекламата треба да се отстрани наскоро бидејќи, како што објаснува Бехит, рекламирањето на јавни куќи е генерално забрането во Штаерска.
Градоначалничката на Грац, Елке Кар рече дека го пријавила случајот во полиција, а плакатот оттогаш бил обоен.