„Јас и ти“- нов сингл на етно-бендот „Љубојна“

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика.
Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми.Музиката и текст Вера Милошевска, аранжман Оливер Јосифовски, продуцент Мите Димовски од студио “Тра ла ла”.

Македонскиот етно состав Љубојна во 2019 година под етикета на водечката дискографска куќа во регионот – Кроација Рекордс, ја објави својата The greatest hits колекција, на која се најдоа 12 песни од сите фази на бендот.
Љубојна, или “љубов” и “бој”, е една од најистакнатите и најрепрезентативните групи во регионот, која на автентичен начин го носи пулсот на македонскиотмузички ритам. И не само за она што се нарекува урбана музика, туку и во поширокиот светски музички корпус.
Љубојна е многу повеќе од звучно име. Таа создава музика со сета своја страст, ентузијазам и жестина, који се изразуваат како универзален мајчин јазик, што се забележува и од актуелната колекција хитови, во издание на Кроација Рекордс.
Играјќи се со енергијата на рок-бенд, во сите негови облици – традиционалното, класичното, популарното и експерименталното – Љубојна, својата музика ја изразува преку гласот на Вера Милошевска, како и преку композиторско – продуцентската работа на басистот Оливер Јосифовски, кои станаа препознатлив синоним за овој неверојатен состав, кој, експериментирајќи и истражувајќи, постојано и одново ја освежува музиката, одржувајќи го својот звук модерен, моќен, елегантен и енергичен.