Јаневска: Наставниците во Кочани имаат документи за работа, го расчистивме проблемот

Министерката за образование и наука Весна Јневска изјави дека наставниците во Кочани на кои не им биле продолжени договорите за работа ги имаат сите потребни документи и дека можат да почнат со работа.
Одговарајќи на новинарски прашања денеска таа рече дека жали што повторно политиката се вмешува во образованието. Во Кочани, рече, била завчера и дека „проблемот е расчистен“.
-Она што требало Министерството за образование и наука и јас како министер да го направиме, сме го направиле на шести. Што значи, она што се случува меѓу градоначалникот и граѓаните во Кочани, навистина Министерството не можеше да го реши поинаку освен така како што е решено. Откако разбравме дека таму се случуваат непожелни дејства во корист на политиката, а не во корист на учениците и децата, проблемот е решен – 50-те наставници со мој потпис можат веќе да одат на работа, изјави Јаневска при посетата на училиштето „Св. Наум Охридски“.
Посочи дека завчера била во Кочани и дека го расчистиле проблемот.
-Го расчистивме проблемот. Тие ги имаат сите документи кои треба да ги имаат и можат да отпочнат со работа, додаде Јаневска.