Јанева дала одобрение да му биде вратен пасошот на Камчев
– Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот бидејќи истрагата во делот на прибирање на финансиската документација е прибрана и се анализира во моментот, изјави Јанева.
Додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот. – Поената на СЈО е да истражиме дали има коруптивни елементи, валкани пари во делот на високите функционери. Затоа тука е осомничен и Сашо Мијалков,а другите осомничени лица се помошници на Орце Камчев, истакна Јанева.
Специјалната јавна обвинителка посочи дека обвинителството дава само мислење, а судот е тој кој ја донесува одлуката за враќање на паасошот.