Јакната на астронаутот Баз Олдрин продадена за 2,8 милиони долари
Јакната на американскиот астронаут Баз Олдрин која ја носел при патувањето до Месечината, продадена е на акуција за 2,8 милиони долари.
Белата јакна на Олдрин е украсена со американското знаме и логотипот на НАСА, а ја носел за време на мисијата Аполо 11 додека летал во командниот модул Колумбија.
Ова е една од 60 лични работи кои 92-годишниот Олдрин реши да ги продаде, а продадена е на аукција во организација на „Сотби“. Јакната стана највреден американски вселенски артефакт во историјата.
Поранешниот астронаут патуваше на Месечината во 1969 година и е единствен жив член на посадата. Во своето шесдневно патување Алдрин постојано ја носел јакната, а ја соблекол кога го облекувал оделото со кое стапна на површината на Месечината. Тој момент ширум светот го гледаа 650 милиони луѓе.
Јакната е произведена од материјал отпорен на оган под назив Бета ткаенина, а премачката не со тефлон. таа е единствено парче од споменатата мисија која некогаш е продадена. Новиот купувач телефонски понудил 2,8 милиони долари.
Вкупната вредност на продадените предмети од личната колекција на Олдрин изнесува 8.2 милиони долари. За планот на летање во вселената и назад, купувач платил 819.000 долари.