Јакимовски: Кого лажеш Мицкоски за уставните измени?


Фото: Б. Грданоски

 

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска преку Фејсбук го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека лажел за уставните измени, наведувајќи ги зборовите на пратеникот на германската ЦДУ, Петер Бајер, дека уставните измени ќе биле донесени.

„Сега и германскиот пратеник Бајер го потврдува она што јас со години ви го велам.

Стигна потврдата. Дома глумат патриоти а надвор коленичат и ветуваат дека ќе го сменат Уставот само прво да дојдат на власт.

Вакви лажговци, вакви измамници оваа држава и овој народ не паметат.

Кого лажеш Мицкоски?

Твоите гласачи дома или твоите сестрински партии надвор? Едно зборуваш на митинзи, друго по амбасади и кабинети, но и на твоите лаги многу брзо ќе им дојде крајот“, напиша Јакимовски.