Извештај за НЛО: САД регистрирале 144 „неидентификувани воздушни феномени“


Американската влада објави долгоочекуван извештај за НЛО во кој се наведува дека аналитичарите за одбрана и разузнавање немаат доволно податоци за да го утврдат потеклото на мистериозните летечки објекти што ги виделе воени пилоти.

Извештајот, што беше доставен до Конгресот и објавен во јавноста, вклучува видени 144 објекти што владата официјално ги нарече „неидентификувани воздушни феномени“ и кои датираат од 2004 година, јави ДПА.

Извештајот заклучува дека тие феномени секако ја загрозуваат безбедноста на лет и може да претставуваат предизвик за националната безбедност на САД, додавајќи дека „веројатно не може да се има само едно објаснување за тие појави“.