Израелската полиција го уби напаѓачот кој со нож рани две лица во Ерусалим


 

Израелската полиција го уби напаѓачот кој со нож повреди две лица во источниот дел на Ерусалим.

Источниот дел на Ерусалим е главно место на протестите и судирите меѓу израелските сили и Плеастинците во изминатите неколку седмици.

Израелската полиција преку Твитер соопшти дека напаѓачот дошол на железничката станица, извлекол нож и повредил две лица.

„Полицајците кои биле на местото на настанот брзо реагирале, пукале кон напаѓачот и го убиле“, се наведува на Твитер.

Напаѓачот повредил двајца мажи на возраст од дваесетина години, а едниот е потешко ранет.

Видео се прошири низ социјалните мрежи, а прикажува една жртва облечена во израелска воена униформа.

Инцидентот се случи во населбата Шеик Јарах во источниот дел на Ерусалим.