Израел тврди дека пронашол лек против корона вирусот
Во израелската болница „Ишилов“ успешно е завршена првата фаза од тестирањето на иновативниот лек против корона вирус, соопштено е од Министерството за надворешни работи на Израел.
Лекот под назив EXO-CD24 се применва така што пациентот директно го вдишува во градите неколку минути еднаш дневно во период од пет дена и на тој начин ја прекинува ткн. цитокинска бура која ја предизвикува вирусот САРС-КоВ-2.
Цитокинската бура е по живот опасен системски воспалителен процес кој има за последица претерана реакција на имунолошкиот систем на тела, а која може да биде предизвикана со различни патогени, вируси, бактерии, но и автоимуни болести.
Од 30 пацинети кои биле со умерено тешка состојба, 29 излегле од болница за 3-5 дена. Последниот пациент исто така оздравел, но му бил потребен подолг временски период.
Вирусот на Ковид-19 предизвикува симптоми во две клучни фази. Првата фаза се јавува кај 5-7 отсто од пациентите, обично кај оние кои се наоѓаат во ризични категории, а се карактеризира со прекумерна активност на имунолошкиот систем.
Досега, покрај бескрајните напори, ниеден лек не се покажа ефикасен во лекувањето на корона вируспт, се наведува во соопштението.
„Дури и ако вакцините си ја одработат работата, дури и ако не дојде до нови мутации, корона вирусот ќе остане со нас на овој или на оној начин. Затоа го развивме овој единствен лек EXO-CD24. Ова е настан без преседан. Поминаа некои шест месеци од моментот кога го направивме концептот на лекот и кога технологијата е измислена додека прв пат не беше тестирана на луѓе во првата клиничка фаза“, рече професорот Надир Арбер, еден од најистакнатите болнички лекари и истражувачи кој работеше на овој лек.
EXO-CD24 е иновативен лек кој е развиен во лабораторијата на професорот Нарид Арбер во Медицинскиот центар Сураски во Тел Авив. Лекот е наменет за пациенти во умерена до критична состојба, за да се спречи нивното влошувањe во тешка состојба.