Израел тврди дека не бомбардира болници, бројот на мртви лекари сѐ поголем
Иако израелските власти тврдат дека не таргетираат и не напаѓаат болници, податоците на релевантни организации покажуваат дека не е така и дека е голем бројот на загинати медицински лица, а по вчерашниот напад тој ќе биде уште поголем. Според статистиката на организацијата Insecurity Insight од 7 октомври, кога почна насилството до 15 октомври имало најмалку 94 инциденти поврзани до пристапот до здравството, и во Израел и на окупираните палестински територии.
Во Израел, каде што беа пријавени четири инциденти, една болница беше погодена со ракетен оган, а болничар беше застрелан и убиен и една индиска медицинска сестра тешко повредена за време на нападите извршени од милитантите на Хамас.
На окупираните територии се регистрирани 90 инциденти, во најмалку 15 од нив здравствените установи се многу оштетени, 28 здравствени работници загинаа, а 23 се повредени од експлозивно оружје што го користеа израелските сили во Газа. како врв на сето ова, на Западниот Брег најмалку 24 здравствени работници се приведени додека реагирале на здравствени итни случаи и амбулантните возила често се попречувани да стигнат до пациентите.
Во градот Рафах, болницата Абу Јусеф ал-Наџар болицата Мохамед Јусеф ел-Наџар беше оштетена од израелските воздушни напади и ставен надвор од употреба.Во Газа загинаа лекарка и нејзиниот сопруг кој бил поранешен шеф на медицинскиот центар, а во истиот бомбашки напад загинале и нивните деца и внуци. Во Газа, детската болница во Дура била бомбардирана со меѓународно забранети гранати од бел фосфор истрелани од израелските сили. Во Газа, единаесет членови на персоналот на УНРВА се убиени за време на израелските воздушни напади во саботата.