Израел распореди 35 баталјони на границата
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Ричард Хехт на денешниот брифинг за медиумите изјави дека Израел целосно распоредил 35 армиски баталјони и четири дивизии и дека „гради инфраструктура за идните операции“, пред очекуваната копнена операција во Газа.
Еден баталјон генерално се состои од стотици војници.
Се очекува Израел да започне голема копнена операција во Газа како одговор на смртоносните напади во саботата.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека воздушните напади врз Газа се „само почеток“.