„Изработи сам“ греалка од свеќи – едноставен, евтин начин за греење дома
Цените на струја и гас во Европа светот и натаму уриваат рекорди, па луѓето се обидуваат да најдат поевтин, а делотворен начин на затоплување дома оваа зима. Така, на интернет се појави „изработи сам“ греалка од свеќи (препорачливо ниски) и садови од глина. За овој импровизиран уред, клучно е да се има повеќе садови со различни големини.
Концептот е следен… Глинена саксија се поставува на држач којшто ја одвојува од основата – глинена чинија превртена наопаку. Подлабокиот сад треба да ја собира топлината од свеќите поставени запалени под него.
Просторот под саксијата мора да биде отворен за свеќите да имаат кислород за согорување, а со затвореноста, сѐ тоа ја засилува топлината, па тоа уште посилно зрачи во просторот. Следачите се задоволни од оваа видеолекција.
Друг корисник направил своја верзија на овој дизајн, па ги снимил резултатите со термална камера, почнувајќи од 22,2 Целзиусови степена, достигнувајќи до 50,6 степени.