Измислен е тавански детектор за Ковид-19, за 15 минути открива дали некој е заразен
Британските научници измислија ненаметлив начин да се открие дали некој е заразен со корона вирус, односно тавански детектор кој за 15 минути може да открие дали некоје заразен.
Сандеј тајмс пишува дека овој многу прецизен уред, нешто поголем од детектор за чад, може да послужи за скенирање во авионски кабини, училници, старечки домови и канцеларии.
Поранешните студии на научници од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина на Универзитетот во Дурхам, покажаа дека точноста на уредот е 98 до 100 отсто, што го прави доверлив како и лабораториските ПЦР тестови за Ковид-19 и е значително подобар од брзите тестови.
Изтражувачите нагласуваат дека нивните резултати се во рана фаза и работата допрва треба да ја оценат колеги научници.
Детекторот, кој го направи фирмата Roboscientific од Кембриџшир, функционира на детектирање хемикалии кои ги произведува кожата или кои се присутни во здивот на заразениот од корона вирус.
Овие „испарувачки органски соединенија“, ствараат мирис кој е пресуптилен за човековиот нос. Студијата која ја спроведе тим за истражување на ковид-детекторот покажа дека корона вирусот може да го надушкаат кучињата, но дека детекторот е поточен и опрактичен.
Сандеј тајмс вели дека детекторите можат да откријат луѓе со вирус дури и кога допрва треба да развијат симптоми, заради што детекторот е поделотворен од ПЦР тест, кој не е прикалден за асимптоматски носители на вирусот.
Потребно е 15 до 30 минути детекторот да собере примероци од воздухот во голема просторија и резултатите ги праќа на мобилен или на компјутер.
Цената на детекторот во моментот изнесува околу 5.000 фунти по парче, пишува весникот.