Измени во Судскиот совет по препорака на ЕУ, ќе нема веќе „заборавање“ предмети во фиока
По препорака на Оценската мисија на ЕУ, Судскиот совет денеска усвои дополнувања на деловникот на работа со кое членовите на Судскиот совет ќе мора во иднина да ги образложат своите одлуки за избор или неизбор на судија, како и роковите за постапување, односно – отсега натаму нема да можат предмети да ставаат на долг рок или да забораваат во фиока. Секое постапување надвор од предвидените рокови, според измените, ќе повлече одредени последици.
Според неа, нема да се продолжи со праксата кога одредени членови не даваа образложение зошто гласаат против, бидејќи тоа сега ќе биде облигаторно и секој ќе треба да се произнесува и зошто гласа за избор и зошто гласа против.
Временската рамка во Акцискиот план за овие две препораки е декември 2024 година, но Дамева нагласи дека ќе се имплементира по донесувањето на измената на Деловникот, а целосна имплементација на една од наредните седници кога ќе се врши избор на судија или претседател на суд.
Дамева, исто така, посочи дека со дополнување на Деловникот со член 28а се предвидуваат рокови за постапување во сите фази на постапката. Ова, како што рече, е предвидено и како препорака 6 во Акцискиот план.
„Па така нема да се чуваат или забораваат предмети по фиоки. Со оваа измена, секое постапување надвор од предвидените рокови значи неажурно постапување од член на совет или самиот Совет, кое во иднина секако ќе сноси одредени последици или сите ние колективно“, изјави Дамева.