Фрескосликарството на Дичо Зограф во црквите од скопскиот регион (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Во Галеријата Љубомир Белогаски при ЈУ Музеј на град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата Фрескосликарството на Дичо Зограф во црквите од скопскиот регион.

Фото: Б. Грданоски

На изложбата ќе бидат претставени едно од најрано потпишаните и датирани дела од обемниот опус на Дичо, комплексната композиција Страшен суд од припратата на црквата Св. Георги, насликана во 1846 година и Исус Христос Вседржител, осум фигури на пророци и композицијата Преображение Христово од припратата на црквата Св. Никола, насликани во 1855 година. Изложбата ќе се одржи согласно сите протоколи за заштита од Ковид – 19.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски