Излегуваат нови докази во истрагата против Себестијан Курц за корупција
Нови докОбвинителството на Австрија за економски прашања и корупција откри нови докази во истрагата за корупција против канцеларот Себастијан Курц, фокусирана на разговор кој датира од 2016 година.
Според пораките помеѓу тогашниот министер за надворешни работи Курц и шефот на канцеларијата на Министерството Томас Шмид, тој го зголемил буџетот на Министерството, наводно, без знаење на тогашниот министер за финансии, Рајнхолд Митерлехнер.
„Добивте зголемување на буџетот од 30%! Ние го сторивме тоа САМО за вас. Повеќе од 160 милиони евра повеќе!“, вели Шмид во пораката до Курц, според обвинителот, додавајќи: „Ми должите :-)))!“
За ова Шмид му се пофалил и на сегашниот министер за финансии Гернот Блумел, кој во тоа време беше шеф на партијата ОВП на Курц за Виена. „Курц сега може да сере пари“, му порачал преку порака на Блумел.
Обвинителството соопшти дека пораката може да биде „значителна компонента за да се разбере назначувањето“ на Шмид за шеф на државната холдинг компанија во Австрија три години подоцна и дека се навестува потенцијална размена на услуги меѓу нив.
Владејачката конзервативна партија ОВП ги негираше обвинувањата и ги нарече „апсурдни“. Тие истакнаа дека разговорите покажуваат само стандардни процедури и тврдат дека обвинителството е политички пристрасно кон ОВП.