ИВЗ со апел: Во недела сите да гласаме за НАТО и ЕУ!


Исламската верска заедница упати апел до муслиманските гласачи да излезат да излезат масовно и да гласаат во вториот круг од претседателските избори на 5 мај, а Ријасетот го донел овој заклучок на средбата на 30 април.

“Во неделата, 5 мај, муслиманските верници треба да излезат масовно и да го искористат своето граѓанско право да гласаат за повеќе права, правна и демократска држава, за верски и национални права за сите народи што живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и за ЕУ“, се вели во соопштението на ИВЗ.

Оттаму, тие изразуваат убедување дека сите гласачи се слободни да го дадат својот глас по своја волја и став.

Според ИВЗ, Албанците, Турците, Македонците,Бошњаците, Ромите, Ашкалиите, Египќаните и сите други очекуваат многу од нивниот следен претседател во својата работа и донесени одлуки.
Пред само 10 дена поглаварот на ИВЗ пред медиумите порача никој да не бара од него тој да излезе и да повикува на гласање, бидејќи, како што рече, такво нешто никогаш нема да направи.