Иванов една година кираџија во облакодерите во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Компанијата „Турмак АД“, фирма сателит на „Џевахир Холдинг“ е потписник на договорот за закуп на двата стана во Џевахир скај Сити за потребите на кабинетот на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов. Од компанијата за „Независен весник“ велат дека се работи за вкупно 274 м2 деловен простор.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата „Турмак“. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра“, велат во одговорот до „Независен весник“ од Џевахир скај сити. (Н.К.)