Италијанскиот претседател Матарела информира во една реченица дека се сретнал со Сиљановска


 

Со наслов „Претседателот Матарела ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова“, прес-службата на италијанскиот претседател, Серџо Матарела соопштува за средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Во многу кусото соопштение се вели: „Претседателот на Републиката, Серџо Матарела, во Квиринале ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.

Присутен беше државниот потсекретар за надворешни работи и меѓународна соработка, Марија Триподи“.

Нема ниту еден збор за што се разговарало на средбата, но Сиљановска е означена како претседателка на Северна Македонија.

Освен кусата вест има и галерија на фотографии и видео инсерти.