Италијанската мода ја собра елитата – нашите омилени брендови на модна писта (галерија)

Годинава, Моден викенд Скопје е спој на италијански и домашен гламур


Фото: Б. Грданоски

Италијанската мода, дизајн и вкус, повторно тропнаа на гала-портата на Скопје- од вчера, во Ист гејт мол, каде има најмногу продавници со италијански брендови во Македонија.  Прво со панел дискусии, а синоќа со дизајнерска вечера со италијанско мени, и за крај на вечерта – со модни ревии од омилените италијански етикети на облека, накит, модни додатоци и шминка , како официјален старт на 26. Моден викенд во Скопје, под мотото “Јазикот на етиката и дизајнот”, во организација на Света Богова- Јовановска.  

Фото: Б. Грданоски

Како нација која тера мода, а не трпи критики за мода, која сака да се дотерува, а ретко почитува дрес-код, која се жали дека сѐ е скапо, ама има пари за чевли и чанти, која се фали со Армани, а не знаеш дали е оригинал или фалсификат, се возбудуваме на ваков гала настан кој ја слави високата мода, на која ѝ се восхитуваме како публика на модните писти и која ја собира домашната елита од сите сфери на живеење.

Фото: Б. Грданоски

Синоќа, уживавме во италијанскиот гламур, кој не е само синоним на луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој, кој носи светлина во глобалната „темнина“, заедно со потрошувачите, фановите, медиумите, претставници на дипломатскиот кор во земјата и министри од актуелната влада.

Фото: Б. Грданоски

Модниот викенд годинава ги промовира и домашните дизајнерски сили на модната сцена. Програмата во трите денови ќе ги претстави најважните аспекти на овој проект, пред сѐ развојот на авторскиот моден дизајн на кој FWSK е посветен од самите почетоци и за кој низ овие 26 години дал непроценлив придонес. Бројни креатори, преку овој настан започнаа, растеа и се формираа до препознавање дома и надвор.

Фото: Б. Грданоски

Активизмот на FWSK, низ бројни општествено  одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.

Фото: Б. Грданоски
Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри/ Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска и министерката за животна средина Каја Шукова, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во позадина/ Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски