Италија: Повеќе 15.000 заразени, починаа 352 пациенти


Италија објави 352 смртни случаи поврзани со корона вирусот во последните 24 часа, додека имало 15.104 новозаразени, објави Министерството за здравство.

Ова претставува намалување во споредба со 553 смртни случаи и 16.308 новоинфицирани, регистрирани ден претходно, пренесе Ројтерс.

Италија, првата западна земја погодена од вирусот, забележа 68.799 смртни случаи од Ковид-19 од февруари, највисока во Европа и петта во светот.

До денес има регистрирано повеќе од 1,95 милиони случаи на заразени.