Италија надмина 18.000 мртви од корона вирусот

Денешната слика од Италија не е светла, но ситуацијата покажува стабилизирање. Бројот на починати од корона вирусот и натаму е многу висок – 610 лица (вчера тој број беше 542), и со тоа вкупниот број на умрени стигна до 18.279. Хоспитализацијата е за малку опадната, и кај сериозните и кај помалку сериозните случаи. Според податоците на Цивилната заштита бројот на новите потврдени со инфекцијата од Ковид-19 пак е зголемена во однос на вчера, денеска изнесуваш плус 4.204, сега вкупниот број е 143.626. Од нив 28.470 се излекувани (денешната бројка е 1.979).