Истражување: Вентилацијата во автобус значително го намалува ризикот од инфекција


Фото: Б. Грданоски

Веројатноста да се заразиме додека се возиМЕ со јавен превоз зависи од тоа колку добро е проветрен просторот, покажува новото истражување кое користело компјутерски симулации на ширење на вирусот.

Автобус со активна вентилација претставува значително помал ризик од инфекција отколку затворена просторија со мала вентилација, заклучува студијата на научниците од Универзитетот во Касел во Германија.

„Главното откритие е дека вентилацијата е најважниот фактор“, објасни асистентката за истражување Натали Шнајдер.

За време на пандемијата на корона вирус, истражувачите за транспорт започнаа да истражуваат како јавниот транспорт може да стане поотпорен на пандемии и епидемии и што може да постигне вентилацијата во јавниот превоз.

Мала веројатност дури и со слаба вентилација и без маска
За таа цел беа користени компјутерски симулации за истражување на ширењето на аеросоли, односно патот на пренос на вирусот во виртуелен автобус.

Дури и кога се симулира многу неповолно сценарио, просечниот ризик од инфекција во вентилираното возило се покажа како релативно низок.

Со многу висока стапка на зараза, полн автобус, лоша вентилација, без маски и време на патување од 20 минути, веројатноста за инфекција била пресметана на 3,2 проценти.

„Носењето маска за лице исто така се покажа како многу корисно“, рече Шнајдер. Истражувачите откриле дека веројатноста за инфекција е 20 пати помала кога се носи маска отколку без.