Истражување: Ковид-терапијата и интензивната нега се поврзани
Пациентите со тежок облик на зараза од корона вирус, кој се лечени на одделенијата за интензивна нега, имаат два пати поголема можност за компликации како мозочен делириум и кома, отколку пациентите во истите одделенија, но кои не се заразени со вирусот.
До овие податоци дојде меѓународен тим лекари и истражувачи кои ги испитувале болничките картони на повеќе од 4.000 пациенти кои од корона вирус се лечени во одделенијата за интензивна нега во 14 земји.
Целта на истражувањето била да се испитаат и да се утврдат можностите за подобрување на терапијата во лекувањето на ковид-пациетите. Истражувањето покажало дека 82 отсто од пациентите биле просечнио во кома до 10 дена, што е двојно повеќе од бројот пациенти кои исто така, се лечени во интензивните одделнија, но не биле заразени со вирусот.
Според резултатите од истражувањата еден број од мозочните влошувања кај делот од ковид-болните е последица на применетата терапија, притисокот и рестрикциите кои се на сила за време на пандемијата. Со други зборови, делот од мозочните функции кои ги погаѓаат пациентите во одделенијата за интензивна нега можно е да се избегнат со друга терапија, пишува „Фанпејџ“.