Испораката на вакцините „Фајзер/Бионтек“ се враќа на нормала


 

Погоните на компанијата „Фајзер“ во Белгија го нормализираа производството на вакцината против корона вирусот за Европа по доцнењето во испораката последните денови.

Како што јавува белгиски „Lecho“, денеска е објавено дека фабриката го врати распоредот на испорака на вакцините во претходната состојба.

„Како што најавивме, се вративме на нормалниот ритам на планираното производство. Влијанието беше минимално и испорачавме осум отсто помалку дози од планираното на почетокот“, рече портпаролката на „Фајзер“ Мари-Лиса Вершелден.

Американскиот фармацевтски гиганр најави на 15 јануари дека привремено че испорачува помали дози од вакцината против корона вирусот во Европа поради промената во производствениот процес во својата фабрика во Пурс.

Ова доцнење требаше да има ограничено влијание од 18 до 25 јануари. Поради доцнењето на бројни европски земји најавија дури и тужби против „Фајзер“ затоа што им беше нарушен распоредот и планот на вакцинација на населението.