Исламистите ги обвинуваат жените за земјотресот во Истанбул


Исламистичките корисници на социјалните медиуми во Турција предизвикаа бес во четвртокот кога ги обвинија жените за земјотресот со јачина од 5,8 степени поради тоа што „се однесувале промискуитетно“.

Жените, наводно, биле малтретирани на улиците по земјотресот кога граѓаните беа евакуирани од зградите.
Исламистите ги направија жените жртвени јагниња за потресот велејќи дека го испровоцирале земјотресот бидејќи не се облекувале скромно, мажите ги воделе по погрешен пат, расипувајќи ја нивната чистота и ширејќи прељуби во општеството.

Еден корисник на социјалните мрежи го толкуваше земјотресот како знак од Бога што ја предупредува Турција да ја откаже Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, наречена Истанбулската конвенција.
Конвенцијата, а Турција беше прва земја што ја ратификуваше во 2012 година, со години ги вознемирува турските исламисти, кои велат дека ги овластува ЛГБТ-групите и ѝ штети на институцијата семејство.

Додека многумина ги обвинија жените за земјотресот, Фатих Тезчан, истакната личност која го поддржува Ердоган на социјалните медиуми, ја однесе работата на друго ниво и ги обвини САД за потресот во четвртокот.

Жените, исто така, беа претставени како жртвени јагниња по големиот земјотрес што погоди неколку града во близина на Истанбул во 1999 година. Два месеца по земјотресот со јачина од 7,4 степени во северозападната провинција Кочаели, при што загинаа најмалку 17.480 луѓе, една жена држеше плакат велејќи: „Зарем 7,4 не е доволно?“ за време на протестот против забраните за шамии во училиштата. Плакатот се осврнуваше на долготрајната расправа во земјата меѓу секуларистите и побожните муслимани, што подразбира дека жените ја донеле катастрофата во нивниот град одбивајќи да носат исламска превез. (Ахвал)