Исчистете ги дамките – брзо и лесно


Кога имате тепих во вашиот дом, дамките се неизбежни. Колку и да се трудите да бидете внимателни, вашето дете, гости или домашно милениче можеби не се такви. Кога ќе се извалка, не очајувајте, обидете се да се ослободите од дамката со работи кои веќе ги имате во кујната.

Постои лесен начин да ги отстраните дамките од црвено вино. Обидете се да намачкате малку пена за бричење на дамката, оставете ја да се исуши, а потоа избришете ја. Пената за бричење може да помогне и кај масни дамки.

Може да се справите со дамките од кафе. Натопете ја дамката во мала количина пиво и оставете ја да отстои. Пивото треба целосно да ја отстрани дамката. Ако некој дел од дамката остане по сушењето, натопете ја крпата во пиво и тријте за целосно да ја отстраните. Овој трик можете да го искористите и за дамки од чај.

Ако имате деца, вашиот тепих сигурно ќе има повремени дамки од маснотии. Најважно е да не ја допирате дамката. Ставете поголема количина пченкарно брашно на мрсната дамка и нежно втријте ја со прстот. Оставете да отстои еден ден. Погрижете се никој да не шета низ местото. Утредента поминете со правосмукалка. Дамката треба да исчезне. Ако сè уште не исчезна целосно, повторете ја постапката.

Вашето милениче случајно ви се измоча на тепихот. Ја избришавте дамката, но мирисот на урината сè уште постои. Обидете се да го натопите местото со газирана вода бидејќи содржи минерали кои го неутрализираат мирисот. После тоа, оставете го местото целосно да се исуши.