Иранска курдска група нападната со беспилотни летала
Кампот на организацијата Хабат од ирански Курдистан, курдска група со седиште во ирачкиот автономен регион Курдистан, беше погоден со дронови во текот на ноќта, јавува новинар од теренот во Ербил.
Според достапните информации, извршени се два напади со дронови во кои се повредени две лица.
Борците од таа група рекоа дека нападот ги изненадил целосно. Тие не веруваат дека дронот е лансиран од Иран, но веруваат дека групи во Ирак поврзани со Иран се одговорни за нападот.
Тие додадоа дека не биле во контакт со Американците или Израелците, ниту добиле поддршка од нив, но тврдат дека се подготвени да започнат копнени операции.
Политичкото раководство во северен Ирак има поинаков став. Претседателот на автономниот регион на Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани, изјави дека Ирачки Курдистан нема да учествува во никаков конфликт или воена ескалација.