Иран уапси 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел

Иранската полиција во четврток објави дека уапсила 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел и обид за оцрнување на угледот на земјата. Киумарс Азизи, полициски командант за западен Техеран, исто така се огласи, пренесува АФП.
„24-те лица кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, и кои се обиделе да го нарушат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, беа уапсени“, рече тој.
За потсетување, Иран вчера воведе привремени ограничувања за пристап до интернет низ целата земја, а Министерството за информатичка и комуникациска технологија како причина ги наведе безбедносните проблеми.