Иран претрпе најголеми загуби: Колку луѓе загинаа во земјите на Блискиот Исток од почетокот на војната


 

Од почетокот на војната на Блискиот Исток, Иран претрпе убедливо најголем број човечки жртви, покажуваат статистичките податоци.
Откако Израел и САД го нападнаа Иран, во оваа земја загинаа 787 луѓе, додека илјадници се повредени. Ова се најновите податоци што беа ажурирани вчера и бројката е уште поголема досега.

По Иран, Либан претрпе најмногу човечки жртви – 40. Во оваа земја беа повредени 246 лица.

Досега, во Израел загинаа 11 лица, додека неколку илјади се повредени. Кога станува збор за армијата на Соединетите Американски Држави, загинаа шест војници, а 18 беа повредени.

Бројни други земји во регионот, како што се Ирак, Кувајт, Јордан, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар, исто така претрпеа штета во инфраструктурата и човечки жртви од почетокот на војната.