Иран: Над 100 загинати во експлозии на комеморацијата на убиениот командант

Имало меѓу две и четири експлозии на цеременијата за четирите години од атентатот на генералот Касем Сулејмани


 

Во две експлозии загинаа најмалку 100 лица, а многу се повредени на комеморативна церемонија во Иран по повод четвртата годишнина од американското убиство на Касем Сулејмани, шефот на иранските сили Кудс и еден од најмоќните луѓе на Блискиот Исток.

Висок функционер ги нарече експлозиите „терористички“ напад, без да објасни кој би можел да стои зад нив.

Извештаите на очевидци зборуваат за две експлозии со разлика од 10 минути во јужниот централен град Керман, додека некои извештаи зборуваат за четири различни експлозии, што укажува на тоа дека инцидентот бил многу софистициран напад.

Првата експлозија била на 700 метри од гробот на Сулејмани, а втората на околу еден километар.

Државните медиуми во Иран го цитираа Бабак Ектапараст, портпарол на службата за вонредни состојби во земјата, кој вели дека 73 лица се убиени, а 170 се ранети.

Првично, локалните власти соопштија дека не се знае дали експлозиите се должат на канистри со гас или бомбаши самоубијци. Подоцна официјални лица изјавија дека експлозиите се случиле во две бомби кои биле активирани од далечина и го класифицираа инцидентот како тероризам.

Експлозиите се случија на патиштата кои водат до Голзар Шохада, гробиштата Градина на мачениците во Керман. Телото на Сулејмани е погребано на гробиштата заедно со уште 1.024 луѓе кои се сметаат за маченици, а местото стана место за аџилак на поддржувачите на таканаречената „оска на отпорот“ против САД и западот.

Сулејмани беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад во 2020 година и се сметаше за водач кој ги насочува иранските прокси сили во Ирак и Сирија.

Веднаш не е јасно дали очигледниот напад бил резултат на домашна група или група во режија на Израел.

Иран неодамна соопшти дека ја искоренил групата поддржана од Мосад, израелската државна тајна служба.

На 25 декември, израелски воздушен напад во Сирија уби врвен командант на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција, што го натера Техеран да се закани дека Израел „сигурно ќе плати“ за неговите дејствија.

Иранските државни медиуми го идентификуваа командантот како Рази Мусави, висок советник на силите Кудс, велејќи дека тој бил убиен во воздушен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск.