Иран користи домашни вакцини против Ковид-19


 

Иран одобри итна употреба на своите први домашни вакцини против корона вирус, соопшти денеска Иранската национална телевизија.

Итната употреба е одобрена откако Иран се сретна со проблемот за увоз на доволна количина вакцини, пренсе АП.

Иранската фармацевтска компанија „Шифафармед“ направи вакцина на база на деактивиран вирус, а првата студија за безбедност и ефикасност почна кон крајот на декември.

Иранското користење на домашна вакцина стана нужно поради санкциите кои во таа земја ги воведе САД, пишува американската агенција.

Како што се наведува, иако Иран го задржува своето учество во Ковакс ситемот, меѓународните банки и финансиски институции не соработуваат со Иран поради страв од американски казни.