Интимен концерт на „Мизар“ на 3 април во Филхармонија


Македонски бенд и бренд „Мизар“ќе одржи ексклузивен, интимен концерт на 3 април во Македонската филхармонија, со специјална „best of“ програма.
Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура;
На концертот ќе се придружат и специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години имале свој удел и оставиле значаен белег во приказната на МИЗАР.

Инаку, бендот деновиве е актуелен со нивната нова извонредна песна „Вардар е Стикс“.

Влезниците се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk по цена од 1.200 и 1.500 денари.