Интервју на Вучиќ за Би-Би-Си, еве што одговори за Косово, резолуцијата за Сребреница, за големосрпската идеологија…


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската унија и дека никогаш не го признале Косово.

-Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток… На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и стабилност.

Тој потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп го прашал дали има проблеми со Кинезите, а тој одговорил дека нема.

Во врска со Косово Вучиќ изјави:
– Никогаш не сме го признале Косово. Никогаш не било кажано, никогаш не било напишано. Се трудиме да живееме во мир.

На прашањето за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ потсети дека бил нападнат за време на неговата посета на тој град и дека 109 земји од светот во Генералното собрание на ОН го делат мислењето на Србија за тоа дали станува збор за геноцид.
– Секогаш бев подготвен да признаам дека масакрот во Сребреница беше страшен… Секогаш сум подготвен да им оддадам почит на жртвите, но не сум подготвен да зборувам на тој начин и да поставувам нови политички прашања и нови политички проблеми – изјави Александар Вучиќ.

– Никој не негира што се случи во Сребреница. Верувам во помирување во регионот, но не верувам во таков наратив што ќе донесе повеќе конфликти, рече Вучиќ.

За прашањето за „големосрпската идеологија“, Вучиќ вели дека тоа е измислена приказна од луѓе кои сакаат да и нанесат штета на Србија.

– Зарем не е малку лицемерно во целиот свет да се обединуваат народи кои имаат ист јазик и ист идентитет, а за тоа се обвинува Србија… Србија има свои граници според уставот и резолуциите. Ништо повеќе не ни треба“.

Тој укажа на фактот дека западните земји земаат повеќе нафта и гас од Србија, иако и воведоа санкции.

-Седиме само на српското столче. Многу сум горд на тоа. Тоа значи дека ние самите одлучуваме – рече претседателот на Србија и додаде дека ставот на Србија е принципиелен.