Интерпол: Со испораката на вакцината, криминалот драстично ќе се зголеми


Генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток денеска предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, се очекува „драматично“ зголемување на криминалот.

– Со испорака на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми, рече тој во изјава за германскиот весник „Виртшафтсвохе“.

Како што изјави, „ќе бидеме сведоци на кражби, провални кражби во магацини и напади за време на транспортот на вакцините“.

Во Германија, федералната полиција е одговорна за доставување вакцини што ќе се чуваат на тајни места.

Европските здравствени власти денеска треба да одлучат за пласирање на првата вакцина.