Инсектите касаат, но се и прекрасни


Наспроти светот на животните, кои се повидливи, светот на инсектите е мистерија за повеќето луѓе, кои ги гледаат како мали чудовишта кои касаат, бодат и знаат да бидат досадни и застрашувачки. Но, како што ќе се види од фотографиите, светот на инсектите е и прекрасен и возбудлив. Некои видови инсекти сепак се со зачудувачка колоритност и убавина, па се употребуваат како инспирација и за скапоцен накит.

Најинтересен вид меѓу инсектите е златната буба желка која има може да ја менува бојата според расположението или сезоната. 

Под нејзината трислојна проѕирна обвивка има слој од течен црвен пигмент кој и дава златен изглед додека ја рефлектира светлината. Во зависност од количината на течност помеѓу нејзините слоеви во дадено време, нејзината боја може да варира. Оваа буба е честа појава низ Северна Америка.

Раскошот на боите не се опишува, а една од овој вид на бубачки го носи и името „пикасо буба“, бидејќи наликува на сликите на големиот уметник.

Иако пеперутките се тие кои се најпознати по убавината, во светот има други инсекти чија појава е залудувачка, од инсектот „орхидеја“, розевара “Барби стил“ пеперутка, кристалниот инсект…и многу други непознати за обичната јавност. Еве некои од нив: