Индискиот сој се појави во Израел, вакцината на Фајзер само делумно ефикасна

Израел забележал осум случаи на варијантата на коронавирусот која прво беше идентификувана во Индија и се верува дека вакцината на Бајонтек/Фајзер барем делумно штити од неа, соопшти денес израелски здравствен функционер.
„Впечатокот е дека вакцината на Фајзер е ефикасна против варијантата, иако со намалена ефикасност“, кажа Кан Хези Леви, генералниот директор на министерството за здравство, кажувајќи дека бројот на новата варијанта на вирусот во Израел пораснал на осум.
Министерството не одговорило веднаш на барањето на Ројтерс за повеќе детали за истражувањето на индиската варијанта на коронавирусот.
Британија и Ирска исто така објавија дека ја истражуваат индиската варијанта откако ја откриле во својата земја.
Израел, земја со 9,3 милиони жители, целосно вакцинираше 81 отсто од граѓаните постари од 16 години. Заразата со ковид-19 и хоспитализациите нагло се намалија.