Индија во еден ден против корона вакцинира 10 милиони луѓе

Индија во еден ден вакцинира рекордни 10 милиони луѓе против Ковид-19, објавија денеска властите на таа држава која се бори против новиот бран на епидемијата.
Премиерот Нарендра Моди го поздрави резултатот постигнат во петокот во земјата со 1,3 милијарди граѓани, втора по број на жители во светот.
„Честитки до оние кои се вакцинираа и оние кои успешно ја спроведоа кампањата за вакцинирање“, напиша на Твитер.
Индиската влада, соочена со бран критики откако епидемијата се разгоре и во април и мај однесе 200.000 животи, се надева дека ќе вакцинира 1,1 милијарди луѓе до крајот на оваа година.
Само 15 отсто од населението примиле две дози
Таа цел може да биде под знак прашалник поради недостиг на вакцини и админитративни тешкотии.
Од почетокот на кампањата за вакцинација во мај, само 15 отсто од населението ги добиле двете дози.
Покрај предупредувањата на стручњаците, речиси сите мерки врзани за движењето на луѓето се укинати, а бројот на заразени повторно силно расте.
Бртонот на новозаразени на дневно ниво надмина 40.000 и денеска изнесува 46.000 луѓе.
Индија е втора најпогодена земја на светот со пандемијата од корона вирус, по САД. Има вкупно 32 милиони потврдени случаи со зараза и 437.000 починати.