Инаугурација: Камала Харис во пурпурна тоалета на млади дизајнери


Камала Харис

САД– Камала Харис, положи заклетва како прва потпретседателка на Соединетите Американски Држави, што е првпат жена од Јужна Азија да биде на оваа функција, во пурпурен ансамбл од Кристофер Џон Роџерс и Серџио Хадсон.Роџерс е црномурест дизајнер од Батон Руж, кој сега живее во Њујорк, а Хадсон е црномурест дизајнер од Јужна Каролина.

Харис ја погодува вистинската нота со леснотија, претпочитајќи добро скроени панталони или блејзери и фармерки, со стил што исфрла разиграна и самоуверена личност, како патики „Конверс“ или чизми од „Тимберленд“, и бисери како обележје на нејзиното сестринство, Алфа Капа Алфа.