„In corpore sano“ на Констракта доби награда за најдобар текст на Евросонг 2022
Претставничката Србија на Песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија, Ана Ѓуриќ Констракта ја доби наградата за најдобар текст на годинешното издание во Торино за песната „In corpore sano“.
Наградите се доделуваат врз основа на гласовите на следбениците на официјалната сметка на „Песна на Евровизија“, а покрај претставникот на Србија, номинирани беа и претставниците на Италија и Португалија и победниците на натпреварот од Украина.
Ана Ѓуриќ Констракта привлече големо внимание во пресрет на натпреварот каде го освои петтото место, што беше најдобар пласман на Србија на „Евровизија“ од 2012 година кога Жељко Јоксимовиќ беше трет.
Пред триумфот на Беовизија, малкумина веруваа дека Констракта, ќе постигне ваков забележителен успех. Нејзината песна In corpore sano, уникатна комбинација на музика и концептуална уметничка изведба на сцената, ја воодушеви публиката ширум светот.

Констракта во Торино од регионално чудо се претвори во можно изненадување на Евровизија , таа беше рекламирана од светските медиуми, кои навистина не знаеја како да им го објаснат нејзиното значење и важност на своите читатели, и слушатели. Затоа, се што е на некој начин за публиката од слично говорно подрачје е очигледно.
“Некои евровизиски фанови реагираа многу добро на бизарната песна на Србија, која содржи необична референца за косата на Меган Маркл. Длабоко хидрираната коса на поранешната војвотка од Сасекс беше пофалена во песната “In Corpore Sano” на српската пејачка Констракта , напиша во својата рецензија новинар на британски Индипендент.
Латинскиот наслов на песната, провокативни стихови за нерегулираниот здравствен систем, перформанс во стилот на концептуалната уметничка изведба на Марина Абрамовиќ, миење раце со боросани на нозете и се друго што оди со тоа, предизвика очекувано внимание.
43-годишната белградска архитектка која никогаш не ја работела професијата за која студирала, пред нејзината самостојна кариера настапувала како член на бендовите Mistakemistake и Zemlja gruva.
Но, затоа на универзитетот го запознала сопругот Милан Ѓуриќ, кој таму бил асистент. Тие се родители на 13-годишниот Никола и 11-годишната Лена, кои се најголеми фанови на Констракта.

Евросонг во 2023 година ќе се одржи во Обединетото Кралство, по победата на оркестарот Калуш за Украина во Торино во мај, откако беше заклучено дека настанот не може да се одржи во земјата победничка од безбедносни причини.
Големото финале на Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во арената Ливерпул до реката Мерси во сабота на 13 мај, а полуфиналните се на 9 и 11 мај.