Имунитетот со месеци развива антитела по благ Ковид


Со месеци по опоравувањето од блага форма на Ковид-19, кога нивото на антитела во крвта се намалува, имуносните келии во коскената срќ и понатаму се во состојба да излачуваат нови антитела против корона вирусот, објавија во понеделникот американските научници во магазинот „Нејчр“.

По инфекцијата имуносните келии со краток век брзо генерираат и излачуваат бран заштитни антитела.

Паралелно со изумирањето на имуносните келии нивото на антитела опаѓа, но базенот на тие имуносни келии, познат под називот долговечни плазма клетки, останува во своеведина резерва и по инфекцијата.

Повеќето се преместуваат во коскената срќ, објасни соавторот на студијата Али Елебеди, од Медицинсиот факултет на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.

Вели дека членовите на неговиот научен тим добиле на увид промероци од коскена срцевина на 19 пациенти седум месеци од почетокот на благиот облик на Ковид-19

Долговечни келии

Кај 15 од нив, откриени се долговечни плазма келии кои лачеле антитела против корона вирусот.

Петмина од нив се подложени на друга биопсија на коскена срцевина 11 месеци по појавата на симптомите, која покажала дека сите пациенти и понатаму имаат долговечни плазма клетки кои лачат антитела против корона вирус.

Елебеди истакна дека тие келии се задржуваат во коскената срцевина и продолжуваат да излачуваат антитела. Појасни дела така се однесуваат од завршувањето на болеста и дека веројатно така ќе продолжат во недоглед.

„Тие келии ќе продолжат да живеат и веројатно да ствараат антитела до крајот на животот на луѓето, но се уште не е во потполност јасно дали ќе имаме исти резултати од истражувањето кај пациенти кои преболеле умерен или тежок облик на Ковид-19“, заклучуваат авторите на студијата.