Идеално за врели денови: Леден чај од нане и лимон
За жешките денови подгответе леден, освежителен напиток.
Потребни состојки?
4 чаши вода
3 вреќички зелен чај
1/4 филџан листови од нане
2 лажици шеќер или мед
сок од 2 лимони
4 парчиња лимон
ливчиња нане за украс
Подготовка:
Зовријте 2 шољи вода, па додадете го чајот и нането. По 10 минути ладење, фрлете ги кесичките чај и процедете.
Помешајте шеќер и сок од лимон во посебен сад и додајт емалку од врелиот чај за да се стопи шеќерот.
Сипете во бокал, додајте го преостанатиот чај и 2 шољи ледена вода. Добро промешајте и слушете со мраз. Украсете со ливчења нане и лимон.