И Зеленски добил покана за „Одборот за мир“ на Трамп
Претседателот Виолодомир Зеленски објави дека добил покана од претседателот на САД, Доналд Трамп, Украина да биде земја членка на „Одборот за мир“ за Газа, заедно со Русија и со Белоруција кои се понаеи исто така.
„Добивме покана [да се приклучиме на Одборот за мир предводен од САД]. Дипломатите работат на оваа покана.Русија е наш непријател, а Белорусија е нејзин сојузник. Да бидам искрен, сега ми е многу тешко да замислам како би можеле да бидеме заедно со Русија во било кој совет. И, не станува збор за овој мировен совет. Само што Русија е за воен совет, а Белорусија е со неа, имено режимот на Лукашенко“, објави Зеленски.
Инаку, медиумите објавија дека условот за членство во овој одбор за мир, што засега повеќето лидери јавно го одбија, подразбира донација од милијарда евра за Газа, пари со кои сам си даде ингеренција Трамп да ги управува.