И Украина се оградува од мисијата на Орбан во Русија


Украинското Министерство за надворешни работи е последно во низата на официјални институции што се огради од посетата на Виктор Орбан на Русија и агендата шпто тој таму ја спроведува. 

„Во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва, МНР на Украина   соопштува дека одлуката за ова патување била усвоена од унгарска страна без договор или координација со Украина.

За нашата држава принципот „нема договори за Украина без Украина“ останува нераскинлив. Ги повикуваме сите држави да се придржуваат до него.

Единствениот реален начин да се врати правичниот мир останува Формулата за мир. Како што беше потврдено на првиот Глобален самит за мир во Швајцарија, на кој учествуваше и Унгарија, повеќе од сто земји и меѓународни организации ја споделуваат визијата за мир заснована на почитување на територијалниот интегритет на Украина и Статутот на Обединетите нации. Форматот на Самитот за мир е клучна платформа за изнаоѓање начини за враќање на правичниот мир“, стои во реакцијата на украинското МНР.