И Стивен Спилберг премина на Нетфликс


САД– Amblin Partners и Нетфликс потпишаа договор според кој компанијата на чело со Спилберг за сервисот ќе снима неколку филмови секоја година. Не е познато дали некои од филмовите ќе бидат во режија на Спилберг, но се работи за два проекти годишно за кои се очекува финансирање од Нетфликс.

Режисерот Стивен Спилберг кој беше еден од противниците на филмови од стриминг сервисите во трката за Оскари, изгледа дека малку го омекна ставот по ова прашање.

Што се однесува до филмовите за Нетфликс, тие немаат строги финансиски правила. Може да завршат и во кино како што беше случај со „The Irishman“ и „Marriage Story“.